Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денес го пречека бугарскиот маратонец Красимир Георгиев, кој трча ултрамаратон по Коридорот 8.
Крива Паланка како општина низ која поминува Коридорот 8 се вклучи во оваа иницијатива и маратонски подвиг на Георгиев кој се одвива под мотото „Поврзување” и истиот е под покровителство на премиерите на Бугарија, Северна Македонија и на Албанија, Бојко Борисов, Зоран Заев и Еди Рама, и има цел да ја промовира важноста на проектот за транспорт низ Коридорот 8 и добрососедската политика на овие лидери.
Георгиев изјави дека основна цел е со овој маратон да се подобри обединувањето на луѓето од Бугарија, Македонија и Албанија, бидејќи со добра комуникација и желба, се е достижно
Трасата по која трча Георгиев е балканскиот Коридор 8 кој е во должина од 1.000 километри и ги сврзува Црното со Јадранското Море. Проектот се нарекува ,,Поврзување“ бидејќи целта е да се подигне свеста кај локалните власти во Бугарија, Македонија и Албанија за потребата на развој на овој патен правец со цел олеснување на патувањето на луѓето што живеат на овие простори.