Очигледни знаци дека во врската повеќе нема љубов

Нормално е секоја врска во одреден период да се најде во кризна состојба и тогаш е потребно да се вложи дополнителен труд за истата да опстане, со цел меѓусебните односи да се вратат во нормала. Но, ако забележите дека некои работи постојано се повторуваат, а не се пријатни, многу веројатно е дека љубовта повеќе не е дел од врската.

 

Овие знаци не треба да ги игнорирате:

1. Чувствувате оддалеченост меѓу вас

Работа, обврски, пријатели, многу работи стојат меѓу вас и партнерот. Чувствувате јаз кој не може да го преминете. Сексуалниот живот е редок или не постои, само бледи бакнежи кога заминувате на работа или во минување.

2. Меѓусебната комуникација не постои

Главно не разговарате, а кога разговарате се карате. По некое време не ви е важно ни дали ќе се скарате.

3. Врската не ви е приоритет

Повеќе преферирате да одите на роденденска прослава на некој далечен роднина или на колега отколку да излезете со партнерот. Сите настани ги ставате пред заедничките дружења со него и чувствувате нервоза или присилба кога немате изговор да излезете заедно.

4. Сеедно ви е

Кога ќе почувствувате дека повеќе не саката ниту да се карате, ниту да разговарате, сфаќате дека навистина е дојден крајот. Емоциите како лутина се показател дека не ви е сеедно, но апатијата покажува дека ви станало сеедно и дека животот не би бил воопшто различен без него.

Треба да знаете
Последни објави