Посветеноста и грижата на пациентите во Диамед и натаму ќе биде врвен приоритет
Како дел од Германската групација D.Med Healthcare, ПЗУ Специјална болница Диамед започна со работа во 2010 година чија успешна приказна до сега брои девет години. Секој ден за нив претставува славење на животот.
Диамед е Специјална болница по нефрологија со дијализа која обезбедува грижа за пациенти со бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и болни кои се на хроничен програм на хемодијализа.
Нивниот клуч за успехот е комбинација на врвен професионализам, стручен кадар, посветеност во грижата за пациентите и хуманоста.
Вчера тимот на ПЗУ Специјална болница Диамед во пријатна атмосфера и во присуство на претставници од Германската Амбасада, Делегацијата на германското стопанство, блиските соработници, но и најважните гости-пациентите прослави 9 години постоење во Македонија.
Пред присутните се обрати Управителот на болницата, Герд Бројх. Својот говор го посвети да им се заблагодари на своите вработени за професионалноста и посветеноста, кадешто особено пофални зборови упати кон Професор Доктор Специјалист Интернист-Нефролог Гроздановски Ристо, Медицинскиот директор Др. Елена Б.Бансколиева, Финансовиот директор Емилија Петровска како и главната медицинска сестра Емин Имран.
Бројх посочи дека најважно за нивниот центар е грижата за пациентите која има круцијална улога.
На прославата говореше и главната медицинска сестра Имран Емин.
Таа говореше за важната улога која ја има оваа болница по нефрологија со дијализа, за грижата за пациентите, но и за хуманиот аспект од нивното работење, односно психолошкиот сегмент кој во оваа дејност е многу важен.
Посветеноста и грижата и натаму ќе бидат нивен врвен приоритет. Си се почестија за постигнатиот успех и го најавија ребрендирање во ПЗУ Специјална болница Д.Мед Медикал (D.Med Medical).