Познатиот српски театарски и филмски актер Михаило „Миша” Јанкетиќ почина денеска во Белград на 81-годишна возраст.
Во својата богата актерска кариера Јанкетиќ одиграл над сто театарски улоги, најголем број во Југословенскиот драмски театар во Белград, а настапил и во повеќе филмови, телевизиски серии и радио драми.
Тој бил и професор по глума на Академијата на уметности во Нови Сад.
Добитник е на повеќе значајни актерски признанија, меѓу кои и четири театарски награди „Јован Стерија Поповиќ” и наградата за животно дело „Павле Вуисиќ”.
Миша Јанкетиќ е роден на 24 мај 1938 година во Нови Сад. Беше во брак со Свјетлана Кнежевиќ со која има четири деца.