До крајот на август годинава се очекува да заврши реконструкцијата на регионалниот пат Драчево – Таор, кој е дел од 30. патишта на кои се работи.
– Реконструкцијата на патот е барање на жителите кои живеат околу овие населени места. Ќе се изврши целосна реконструкција и очекуваме некаде во август тој да биде завршен. Патот е еден од многуте што започнавме да ги реконструираме овој период, односно преку 30 патишта низ цела држава и со такво темпо ќе продолжиме во текот на целата година, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при увидот во активностите за реконструкција.
Директорот на ЈП за државни патишта информираше дека се работи и на патот Драчево – Јурумлари којшто се очекува да биде завршен до средината на следниот месец. – Ова е само еден дел од патиштата напоменувам во Македонија каде што се работат на целата територија на Северна Македонија и не постои општина каде што во моментов не е отпочната рехабилитација , реконструкција на пат на мост, на косини, на слечишта. Значи интензивна работа која што во наредниот период се повеќе и повеќе ќе се зголемува, а ќе биде нормално на задоволство на граѓаните, наведе Китанов.
Во однос на реакциите на жиотели на општина Петровец за метежот што им се создава поради движење на камиони по стариот пат, Китанов наведе дека нивна надлежност е да направат се што треба за обнова и подобрување на состојбата на патот, но не и да забранат движење по него.
До него, како што информираше, стасал допис од иницијативниот одбор на жителите на Петровец во кој укажуваат за сообраќајниот метеж.
– Ние не можеме на возачите да им забраниме да го користат тој пат. Да, еден мал дел од нив можеби го прават тоа со намера да ја заобиколат патарината Знам дека натпатникот пред Петровец има забрана за потешки возила од пет тона и тука сообраќајната полиција си го прави своето, си врши контрола. Ако некои несовесни луѓе го употребуваат патот и го забрзуваат движењето, можам само да кажам дека за состојбата на патот се што треба да направиме ќе направиме понатаму да се реконструира, да се обновува, а за останатиот дел Петровец е голема општина и не знам како можеме да кажеме дека ќе го намалиме сообраќајниот метеж, рече Китанов.
Тој информираше дека остатоците од ранохристијанската базилика што беа откриена пред два дена при градењето на новиот експресен пат Штип- Кочани, зафаќаат многу мал дел од патот. Сепак дополнително ќе се утврдува делот што е зафатен и ќе се одлучи дали ќе има мало поместување на трасата.
-Претпоставувам овие денови заради врнежите колку можат да работат да отворат да видат дали ќе зафати дали зафаќа поголем дел од трасата и дали ќе треба некое мало поместување .Знам дека еден мал дел опфаќа но да оставиме стручните лица од заводите да го проверат тоа, да видат и што треба тоа ќе направиме, рече Китанов.