Данскиот политичар Јоаким Б. Олсен одлучил неколку месеци пред изборите својата кампања да ја промовира на порносајтот „Порнхаб“.
„Да тоа сум јас на ‘Порнхаб’“, напиша Јоаким на „Фејсбук“.
Hvad sker der hvis @JoachimBOlsen betaler den annonce for sent?
Ikke noget. Så sender de bare en rykker. #onkelhumor #dkpol #dkmedier pic.twitter.com/x4jQXqHvyk— Kåre Quist (@QuistDR) May 12, 2019
Јоаким е поранешен олимписки вицешампион во фрлање кугли и е член на Либералната aлијанса на десниот центар од 2011 година. Тој во рекламата се појавува во костум и со слоган со кој порачува сите посетители на сајтот да гласаат за Јок (Јок е неговиот прекар).
„Нема граници колку далеку би отишол за нацијата. Ако тоа вклучува и реклама на ‘Порнхаб’ за да го тргнам Расмус Палудан (неговиот ривал) од странските медиуми, ќе се жртвувам за тоа“, рече Јоаким.
Тој додаде дека мора да бидете таму каде што се гласачите и објасни дека 95 отсто од неговата кампања е сериозна и дека има простор за малку забава.
Изборите за данскиот парламент ќе се одржат на 5 јуни.