Македонскиот претставник на Евросонг, Тамара Тодевска се пласираше во финалето на изборот на пезна на Евровизија. Освен Македонија, во сабота во финалето ќе настапат и Албанија, Шведска, Холандија, Азербејџан, Русија, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта. Без пласман во финалето останаа Ерменија, Ирска, Молдавија, Летонија, Романија, , Австрија, Хрватска и Литванија,
На првата полуфинална вечер која се одржа во Тел Авив во конкуренција на 17 држави најмногу гласови од публиката добија Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија. Не се пласираа Црна Гора, Финска, Полска, Унгарија Белгија, Грузија и Португалија.
Според обложувачниците, најголеми фаворити за освојување на првото место се Холандија, Русија, Швајцарија и Италија.