Тројца насилници нападнале момче во автобус на ЈСП

Осумнаесет годишно момче било претепано од тројца насилници, вчера во автобус на ЈСП.

Според полицијата, вчера околу 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Александар Македонски, во автобус на ЈСП кој сообраќал во правец од Бит Пазар кон Автокоманда, група млади лица физички го нападнале Ф.S.(18) од Скопје, по што побегнале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави