Екипите на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје спроведоа акција за расчистување обемна дива депонија лоцирана на влезот на гробиштата во општината Ѓорче Петров. Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 60кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.
ЈП „Комунална хигиена”-Скопје апелира до граѓаните совесно да постапуваат со својот отпад и истиот да не го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина.
И во оваа прилика ги информираме граѓаните на градот Скопје дека застарениот мебел и отпадот од електронска и електрична опрема може да ги депонираат во Центрите за селекција во Карпош и Вардариште, без плаќање паричен надоместок.