Пред принцот Едвард презентирани проекти кои се реализираат со британска помош

Децата од танцовото студиот „Еурека” со претставата „Пепелашка” денеска настапија пред принцот Едвард, грофот од Весекс, во Националната филхармонија во Скопје, за што добија громогласен аплауз од присутните, меѓу кои беа и министри, амбасадори и јавни линости.

Настапот се одржа како дел од повеќето презентации кои ги прикажаа врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина и уметноста.

Проектите на учениците од ОУ „Блаже Конески” од Прилеп и ОУ „Кирил и методиј” од Скопје, модни дизјани од текстилен отпад и проектот „Не игнорирај, реагирај” за почиста животна средина, беа претставени пред британскиот принц Едвард.

Двете основни училштеа во август лани биле вклучени во проектот „Училишта на 21 век”, со финансиска поддршка од Обединетото Кралство, преку Британскиот совет. Во рамки на проектот посетувале обука за критичко размислување и дигитална писменост, а добиле и 30 микробитови односно џебни компјутери.

Училишниот тим од ОУ „Блаже Конески” од Прилеп со транспортниот информационен систем во март на републичкиот натпревар освоиле прво место, по што учествувале на регионален натпревар на земјите  од Западен Балкан во Белград. Меѓу 13 тимови од шест држави, го освоиле второто место.

– Го направивме транспортниот информациски систем, кој ги користи микробитовите како главни контролори на еден целокупен систем, а се состои од програмирање и електроника. Системот има задача ако се имплементира во вистински возила, да запре верижни судири и да ги намали жртвите во сообраќајни несреќи, појасни Антонио Барлески, еден од учениците во тимот.

Дамјан Ѓозински од ОУ „Св.Кирил и Методиј” Скопје појасни дека нивниот проект е интерактивен за да ги покажеме, подлвече, своите програмерски вештини, но исто така да ги развиеме мускулите на нозете.

– Бидејќи во нашето училиште немаме сала, за жал, ова можеме да го користеме како алатка за вежбање, изјави Ѓозински, а Филип Крстиќ од истиот тим додаде дека сакаат овој проект да го постават на скалите од трговскиот центар и секој чекор да испушта звук, а со тоа да ги натераат младите да го поттикнат физичкото движење.

Целта на осумте млади дизајнери кои работеле на дизјани од текстилен отпад, изјави Ирина Тошева координатор, е уште од почетоците на својата работа дизајнерите да се научат на што поодржлива мода за тие практики понатаму да ги имплементираат во својата работа.

Кампањата „Не игнорирај, реагирај”, во организација на Институтот за комуникациски студии претставува инволвирање на граѓаните во обезбедување добро владеење на институциите, но и барање поголема транспарентност и отчетност.

За министерот за надворешни работи Никола Димитров голема е честа од посетата на принцот Едвард, кој пред 13 години ги отвори новите простории на британската Амбасада во Скопје. Тој сподели анегдота – тогаш го прашал како е да се биде принц, а принцот Едвард одговорил: „Не е лошо, но не е толку добро колку што звучи”. Шефот на дипломатијата рече дека британскиот принц си оди многу задоволен од нашата земја и патува за Хрватска.

– Ова е потврда после посетата на премиерката Тереза Меј дека односите ни се неверојатно блиски. Минатата година прославивме четврт век од воспоставуањето на дипломатските односи. Многу ни се блиски визиите иако сме многу различни земји и по големина и по географија, па и по правец. Ние сакаме во ЕУ, а тие сакаат или можеби не сакаат надвор од ЕУ. Меѓутоа, една посета што е уште една потврда дека македонската приказна се шири. Го имавме и папата, имаме кралски посети, отворени сме, имаме многу пријатели и Обединетото Кралство ни е еден од најблиските пријатели, изјави Димитров.

Претходно, принцот Едвард, грофот од Весекс, ги посети децата во една од градинките во кои УНИЦЕФ и Владата на Обединетото Кралство заедно со Министерството за труд и социјална политика работат на воведување нови иновативни начини за развивање на социо-емоционалните вештини и истрајност кај децата.

Оваа соработка претставува дел од програмата финансирана од Обединетото Кралство и поддржана од УНИЦЕФ – Темели за иднинатаГрадење на позитивно и инклузивно општество засновано врз вредности, со цел да ги подобри практиките и јавните политики за општествена кохезија и разнообразност во земјата.

– Постои сѐ поголем консензус дека социјалната и емоционалната интелигенција се едни од најважните фактори со силно влијание врз личниот развој и успешноста на поединците, врз општествената кохезија и врз културниот дијалог во општеството, изјави меѓу другото британската амбасадорка Рејчел Галовеј. 

За време на посетата на градинката принцот Едвард присуствуваше на новите активности со кои низ игра им се помага на децата да стекнат вештини кои ќе им помогнат да препознаат широк опсег на емоции, да ги изразат и да управуваат со нив и активности низ кои децата учат како функционира нивниот мозокПрограмата исто така воведува нови начини за стимулирање на концентрацијаконтрола на импулсивност,самопочитување и самодовербаопштествена свест и вештини за негување на меѓучовечки односи – вештини што се важни за воспоставување на здрави односи во животот, како и за лична емоционална добросостојба.

– Оваа програма се надоврзува на најновите научни сознанија што покажуваат дека способноста на децата да учат и да решаваат проблемида размислуваат критички и креативнода одлучуваатда се фокусираат и да формираат здрави односи, зависи од нивната емоционална добросостојба, изјави претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс

Треба да знаете
Последни објави