Кандидатот за претседател на Европската комисија од Европската Народна Партија, Манфред Вебер, изјави дека треба да се блокираат налозите со лажни имиња на социјалните мрежи.
Ова Вебер го изјави синоќа на дебата со неговиот противник од Социјалдемократите, Франс Тимерманс, на германска телевизија.
Според него, корисниците на социјалните мрежи треба да бидат обврзани да го користат своето вистинско име. Во спротивно, тој поддржува блокирање на налозите кои лажно се претставуваат.
-Социјалните медиуми се како јавен простор, и во јавен простор постои принцип дека луѓето го покажуваат своето лице, се покажуваат себе си, така што мислам дека исто и на социјалните медиуми, секој треба да каже кој се наоѓа зад налогот, изјави Манфред Вебер.
Социјалдемократскиот кандидат не се согласи и оцени дека е тоа претерана мерка.