Германија значително зголемува расходи за одбраната

Германија значително ги зголеми трошоците за одбраната оваа година, јави ДПА.

Сојузната влада во Берлин соопшти на НАТО дека има за цел да ги зголеми расходите на 47 милијарди и 320 милиони евра. Тоа е зголемување од пет милијарди евра во споредба со минатата година.

Германија веќе троши 1,35 отсто од својот БДП за одбрана (во споредба со минатата година -1,23 отсто од БДП).

Зголемувањсето, највисоко од крајот на Студената војна беше направено по критиките против Германија од страна на САД.

Германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лаен, минатиот месец изјави дека Германија ќе ги зголеми трошоците за одбраната.

Треба да знаете
Последни објави