Продолжување на стабилизирање на соодносот на долгот, вклучување на долгот на сите јавни претпријатија во општата владина рамка за финансиско известување, поголемо спроведување на капиталните расходи, да се разјасни мандатот на инспекторатите…., се дел од препораките до властите од земјава што треба да ги спроведе во наредната година, а кои на прес-конференција во Скопје ги соопшти шефот на одделот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ Фрек Јанмат.
-Најголеми предизвици во однос на специфичните структурни реформи во Република Северна Македонија за поттикнување на конкуреноста и долгорочниот инклузивен раст се формализација на економијата, интеграција на домашните компании во глоаблните синџири за вредност и осврнувње на прашањето со невработеноста кај младите за што имаме шест препораки, истакна Јанмат.
Тој појасни дека за управуање со јавните финансии треба да се зголеми транспареноста со вклучување на јавните претпријатија во општата владина рамка за финансиско известување.
– Треба да се одобри новиот закон за буџет, со фискалните правила и да се направат подготовки за независен фискален совет, рече Јанмат и порача дека е добро да се воведат правилата што ги нема во моментов во земјава, а тоа е јавниот долг да не смее да биде над 60 проценти и буџетскиот дефицит да не надмине три отсто.
Исто така, се препорачува да се зајакне микро и макропрудентниот надзор, да се зајакнат институционалните капацитети на граѓанските судови, да се стави фокус во спровеудвање на Младинската гаранција со акцент врз неразвиените региони и кадровското екипирање на Агенцијата за вработувае и Националниот младински совет. Треба да се забрза модернизацијата на образовниот систем на сите нивоа преку подобрување на инфраструктурата, наставните програми и квалификациите на наставниците.
Во делот на монетарната и финансиската област, се препорачува да се спроведат стратегиите за денаризација и нефункционални заеми. Предупреди дека има ризик функционалните кредити да станат нефункционални, кои сега се на ниво од пет отсто.
Она што го препорачува ЕУ, според Јанмат, земјата треба да го спроведе за една година. – Ние го следиме спроведувањето на препораките во Северна Македонија и сметаме дека Северна Македонија во спроедба со другите земји е добра и е на второ место, но тоа не значи дека тоа не треба да се поправи. Ја охрабруваме Владата оваа програма да ја употреби за реформи за раст, истакна Јанмат.
Тој дека очекува да се спроведат препораките, бидејќи оваа година Владата одобри посбен акциски план за спровеудвање на овие мерки и тоа ќе помогне да се спроведат некои од мерките што се повторуваат во повеќе години.
Препораките се искажани денеска на Министерскиот дијалог со ЕУ, во Брисел, каде присуствуваат министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.
Целта на дијалогот за економско владеење е да се подготват Западен Балкан и Турција за нивното идно учество во процедурите за координација на економските политики на ЕУ.