Пејачката Мајли Сајрус активно работи на својот нов албум веќе некое време. Минатата недела таа ги збуни oбожавателите со тајните пораки кои ги објавува на социјалните мрежи.
Сајрус објави трепкачко видео од неколку секунди на кое пишува „Таа доаѓа“. Пејачката оттогаш се нема огласено, а денес повторно објави второ видео со истиот слоган со број 5/30, кои фановите претпоставуваат дека означува датум на новата песна или албум.
https://www.instagram.com/p/Bxh7aqRgUu6/?utm_source=ig_web_copy_link
На видеото има уште неколку монтирани сцени како пчели кои опрашуваат цвеќе, огномет, кит кој излегува од вода за кои фановите напишаа дека се збунувачки.
Мајли претходно најави дека работи на својот нов албум, заедно со продуцентот Марк Ронсон, со кого пред неколку месеци ја објави заедничката песна „Nothing Breaks Like A Heart“.