Српски државјанин бил тешко повреден откако вчера паднал од терасата од хотелот каде што престојувал во Охрид.
Според полицијата, во ПС Охрид бил пријавен во 5.33 часот било пријавено дека Н.Т.(26) од Србија паднал од тераса во хотел во Охрид.
Тој се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.