Алпинистка од Јужна Африка, која денес стигна на врвот на Монт Еверест, стана првата црна Африканка што го освои највисокиот врв во светот, објавија организаторите на нејзината експедиција и владата на Јужна Африка.
Сарај Нкуси Кумало (47) успеа да го освои врвот висок 8.850 метри по три неуспешни обиди поради временските услови и земјотресот во 2015 година.
„Родена е во Замбија, потекнува од Руанда и е државјанка на Јужна Африка, таа успеа да ја постигна својата цел да стане првата црнкинка од Африка на врвот на Еверест”, напиша организаторот на експедицијата на „Фејсбук“.
И владата на Јужна Африка се јави на својот твитер-профил.
„Честитки за iMbokodo (силната жена) Сарај Кумало што е првата црна африканска жена која стигна на врвот на светот со освојувањето на Монт Еверест”, пишува во твитот.