Разговорите за постигнување на компромис околку брегзит што се водеа помеѓу премиерката Тереза Меј и опозициската Лабуристичка партија завршија без успех, а владата сега размислува за следните чекори, вклучувајќи го и обидот да ги придобие пратениците кои се противат на нејзиниот план, изјави денеска портпаролот на Меј.
И покрај видливиот напредок за одредени прашања, обидот да се пронајде консензус околу брегзит со лабуристите пропадна поради прашања како што се царините и нов референдум, соопшти портпаролот, пренесе „Ројтерс“.