Роберт Патинсон ќе биде новиот Бетмен

Актерот Роберт Патинсон (33) во моментов е во преговори за новата улога на Бетмен, пишуваат светските медиуми. Ѕвездата од „Самрак“ е еден од главните конкуренти за новата улога на суперхеројот во режија на Мет Ривс.

Филмот на големите платна треба да пристигне во јуни 2021 година. Иако засега официјални информации нема, веројатно снимањето на новиот филм за Бетмен ќе се случи ова лето.

Ривс ги режираше последните две продолженија на „Планетата на мајмините“ во јануари 2017 година, а од Бен Афлек ја презеде режисерската должност за продолжение на филмот за Бетмен. Филмот ќе биде продуциран од досегашниот соработник Дилан Кларк.

 Ако преговорите успеат, Патинсон ќе стане вториот најмлад актер кој некогаш го играл Бетмен, по Кристијан Бејл, кој во филмот „Бетмен започнува“ глумеше на возраст од 31 година.

Компанијата „Ворнер брос“ му даде на Ривс доволно време за развој на сценариото, а сите се надеваат дека новата стрип-адаптација ќе биде поуспешна од „Бетмен против Супермен“ и „Лигата на правдата“.

Патинсон оваа година ќе игра во четири нови филмови. Тоа се High Life, The Lighthouse, The King и Waiting for the Barbarians.

 

 

Треба да знаете
Последни објави