Русија не планира да се повлече од Советот на Европа

Русија не планира да се повлече од Советот на Европа и останува посветена на финансиските обврски, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на министерската сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, пренесува ТАСС.

„Не сакаме да се откажеме од Советот на Европа. Не се откажуваме од ниедна од нашите обврски, вклучувајќи ги и финансиските”, рече тој отфрлајќи ги шпекулациите за тоа.

Текстот на неговиот говор е поставен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.

Треба да знаете
Последни објави