Владата на американскиот претседател Доналд Трамп повлекува федерално финансирање од околу една милијарда долари за проект за железница со брзи возови во Калифорнија.
Федералните власти нагласуваат дека нема да и ги достават парите на Калифорнија бидејќи државата не почитувала барања за финансирање и е откажана оригиналната визија за воз меѓу Лос Анџелес и Сан франциско.
Вашингтон се обидува да ги принуди властите во Калифорнија да вратат и други 2,5 милијарди долари. Американски медиуми јавија дека федералната финансиска поддршка е исклучително важна и повлекувањето може да значи крај за проектот.