Ова е време на годината кога сите зборуваат за јогурт диетата.
Постои голема и мала јогурт диета. Првата, голема трае седум дена, а ние денес ви ја носиме малата, која трае само три дена.
Ако не сте задоволни со резултатот, односно сакате уште да ослабете, јогурт диетата можете да ја повторите по само пет дена.
Оваа диета е одличен избор ако немате проблем со голем број килограми, бидејќи внесувате сè што му е потребно на вашиот организам, ќе бидете полни со енергија, а ќе изгубите килограми.
На сите ни е познато дека јогуртот е добар за варење и здравје за дигестивниот тракт. Тој ги движи цревата на здрав начин и овозможува на храната брзо да се вари, благодарение на калциум-лактатот кој го содржи.
Исто така, јогуртот е добар за детоксикација на телото од сите штетни материи.
Дејството на оваа диета се базира на својството на пробиотичниот јогурт да го стимулира здравјето на цревната флора што резултира со подобро варење, елиминација на токсини и слабеење.
Прв ден
Доручек: нискокалорен јогурт со снегулки по ваш избор;
Ручек: варен зеленчук со ориз со маслиново масло, малку сол и бибер, 1 благ овошен јогурт;
Вечера: салата од 1 морков, 1 јаболко и 50 гр шунка, се благо пропржете на маслиново масло и кога ќе го извадите од оган додадете нискомасен јогурт.
Втор ден
Доручек: салата од 1 краставица и благ пробиотик јогурт;
Ручек: лесна зачинета мисирка пропржена на маслиново масло со пиперка, домат и ситно сецкани печурки, кога ќе се излади во јадењето додадете еден јогурт;
Вечера: јогурт со шумско овошје.
Трет ден
Доручек: цимет и јогурт комбинација- во јогурт додадете изрендано јаболко, мала количина на сирење, малку цимет и благо посолете по вкус;
Ручек: испечете 150 грама филети ослич, а потоа додадете салата од краставици и јогурт и малку сенф;
Вечера: Во 100 грама тестенини додадете јајца и ситно исецкана пиперка и на крај помешајте со нискокалоричен јогурт.
Накратко за диетата
Јогурт диетата три дена никако нема да ве изгладни, ниту ќе се чувствувате исцрпени и уморни, напротив ќе бидете полни со енергија. Оваа диета е вистински хит меѓу вработените, бидејќи е многу лесна за имплементирање и носи одлични резултати во краток временски период.