Во вторник, 21.5.2019 година, со почеток во 16:30 часот, во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 25-тата седница на Советот на Општината, информираат од Општината.
На дневен ред на седницата се следниве точки:
- Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2019/2020 година на подрачјето на Општина Аеродром.
- Предлог-одлука за давање согласност за измена и дополна на Годишниот план за вработување на ООУ „Лазо Ангеловски“, Општина Аеродром.
- Предлог-одлука за именување член на Училиштен одбор во ООУ „Гоце Делчев“.
- Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за опремнина за пензионирање, смрт на член на потесно семејство на вработено лице во ОА/општински буџетски корисник и смрт на вработено лице во општински буџетски корисник.
- Предлог-одлука за доделување спонзорство на КУД „Гоце Марковски“ – Долно Лисиче за реализација на меѓународниот детски фестивал „Св.Троица“ 2019, Долно Лисиче.
- Предлог-одлука за доделување спонзорство на Кошаркарскиот клуб МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ АД Скопје.
- Предлог-одлука за спонзорство на манифестацијата „Илинденски марш“.
- Предлог-одлука за доделување спонзорство на Национална установа „Театар Комедија“ – Скопје за реализација на проектот Меѓународен летен фестивал на комедијата „Гола месечина“ 2019 година.
- Предлог-одлука за доделување спонзорство на КУД „Никола Јонков Вапцаров“ за меѓународниот фестивал „Цветови“ 2019 година.