Грчките власти денеска објавија дека ултралевичарскиот екстремист Димитрис Куфодинас, кој е осуден за 11 убиства, е пренесен на интензивна нега по 15-дневниот штрајк со глад со кој предизвика насилни протести од страна на неговите политички симпатизери.
Министерството за здравство објави дека Димитрис Куфодинас, главниот убиец од терористичката група „17 ноември“, не е во животна опасност, објави агенцијата АП.
Тој е сместен во болница во централниот град Волос.
Куфодинас (61) рече дека ќе продолжи со штрајкот со глад до крајот, освен доколку властите не му дозволат ново привремено отсуство од затвор.
Од крајот на 2017 година тој доби шест привремени отсуства од затвор, но судиите минатата недела одлучија дека и натаму претставува закана за општеството.
АНА објави дека Куфодинас во болницата престојува со многу мерки за претпазливост.
Се очекува болницата да објави официјално соопштение за здравствената состојба на 61-годишникот кога лабораториските резултати ќе бидат комплетирани.
Куфодинас беше осуден во 2003 година и издржува 11 доживотни затворски казни.