Намуртеното маче (Grumpy Cat) кое стана интернет-сензација поради своето „налутено“ лице почина на седум години поради здравствени компликации.
Мачето од Аризона беше исклучително популарно и ги смееше луѓето, велат сопствениците.
Мачето стана легенда откако во 2012 година на социјалните медиуми се појавија фотографии од неговата „кисела“ фаца и тоа набрзо премина во „меме“.
Според сопственичката Табита Бундесен, ликот на мачето се должел на неговиот џуџест раст.
Grumpy Cat се појави на многу ТВ-емисии, а во 2014 дури и играше во филм.
Во 2015 година музејот „Мадам Тисо“ постави восочна фигура од мачката, а нејзиниот инстаграм-профил го следат преку 2 милиони корисници.
Во 2018 година нејзините сопственици добија спор за авторско право по што им беа исплатени 710.000 долари.
Grumpy Cat Limited ја тужеше компанијата за кафе Grenade поради надминатиот лимит за користење на фотографии од мачката.
Компанијата за кафе добила права да користи фотографија од мачката за само еден пијалак, Grumppuccino, но спротивно на договорот продавала и други производи.
Сопственичката Бундесен претходно работела како келнерка, но откако нејзината мачка станала позната, таа дала отказ.