УЕФА соопшти дека Манчестер Сити го прекршиле финансискиот фер-плеј и поради тоа клубот ќе мора да биде казнет.
Една од можните казни би можела да биде исфрлање на клубот од Лигата на шампионите идната сезона, а тоа покрај тоа што ќе го наруши угледот на клубот, Сити исто така ќе загуби и огромна сума на пари.
Клубовите инкасираат 15,25 милиони евра за учество во групната фаза, со тоа што добиваат и дополнителни 2,7 милиони евра за секоја победа и 900 илјади евра за реми.
Манчестер Сити оваа сезона заработиле над 50 милиони евра од Лигата на шампионите каде што избраниците на Гвардиола стигнаа до четврт-финалето, па јасно е дека доколку биде донесена таква одлука, УЕФА на „Граѓаните“ ќе им зададе огромен удар.