Отворени денови на Секретаријатот за европски прашања за ученици од петто одделение

Секретаријатот за европски прашања отвори повик до сите основни училишта на територијата на Република Северна Македонија за учество во проектот „Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение”.

„Во годината кога за прв пат во вашето образование наставната програма предвидува едукација за Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања како институција задолжена за координација на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, во месец мај (месецот на Европа) од 27 до 31. мај, организира едукативен проект: „Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение”, со кој ќе се обидеме одблиску да ве запознаеме со суштината и темелните вредности на Европската Унија.
За таа цел, ве молиме, вашата посета на Секретаријатот за европски прашања и учеството во проектот „Отворени денови за ученици од петто одделение” да го пријавите на следнава e-mal адреса Daniela.Gjorgievska@sep.gov.mk; или на телефонот 070/409-618“, велат од СЕП.

Треба да знаете
Последни објави