Разговорите меѓу британската премиерка Тереза Мај и претставниците на опозициската Лабуристичка партија за постигнување компромис околу Договорот за Брегзит завршија без резултат, соопшти денеска претставник на Даунинг Стрит 10.
Според него, во преговорите бил постигнат видлив напредок по некои прашања, но тие не резултирале со договор бидејќи Владата и лабуристите не можеле да постигна консензус околу царините и одржувањето втор референдум за Брегзит.
Тој информира дека по пропаѓањето на преговорите, Владата на Меј сега разгледува „клучни чекори”, кои вклучуваат и обид за придобивање на одделни пратеници за да го поддржат Договорот за Брегзит, што Кабинетот во Лондон и Брисел го постигнаа лани во ноември.
Долниот дом на британскиот Парламент досега во три наврати го отфрлаше постигнатиот Договор за Брегзит, но Меј најави дека планира одново да го стави на гласање на почетокот на јуни, иако засега е малку веројатно дека пратениците ќе го поддржат.
Аналитичарите во Лондон проценуваат дека ако Парламентот во Вестминстер и по четврти пат го одбие Договорот за Брегзит, тоа ќе значи конечен крај за премиерскиот мандат на Меј, што може дополнително да го усложни истапувањето на Велика Британија од ЕУ.