Двајца дилери на марихуана биле уапсени вчера во близина на Тетово. Според полицијата, вчера околу 22.10 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Горно Седларце и Синичане, полицајци запреле автомобил „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ј.Е.(31) од Голема Речица, и сопатникот Т.Х.(38) од Тетово.
При нивен преглед била пронајдена марихуана. која Т.Х. се обидел да ја фрли.
Двајца биле уапсени и задржани во ПСолициската станица Тетово, а по целосно
документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.