Јапонската опозиција бара оставка од пратеникот кој предложи војна со Русија поради Курилските Острови

Јапонските законодавци подготвуваат резолуција во која се повикува на протерување од Долниот дом на парламентот на пратеник кој посочи дека војната е начин за Јапонија да ги земе Курилските острови од Русија, пренесува РТ.

Пратеникот Ходака Марујама вџаши многумина во јапонските политички кругови за време на својата посета на островите претходно овој месец, кога праша поранешен јапонски жител на еден од островите дали смета дека Северните територии, како што островите се познати во Јапонија, може да се вратат со војна.

Пратеникот подоцна се извини, тврдејќи дека бил пијан. Но, неговата партија – Нипон Ишин Јапонската иновативна партија – трета најголема опозициска сила во парламентот, ги презеде работите во свои раце. Тие го исклучија Марујама, алидерот на партијата ѝ се извини на Русија.

Марујама, исто така, беше повикан да се откаже од својата пратеничка функција, што тој одби да го стори. Сега, јапонските законодавци подготвуваат резолуција со која ќе го принудат да поднесе оставка.

Територијалниот спор околу јужните Курилски Острови беше една од главните пречки во руско-јапонските односи по Втората светска војна, што резултираше со тоа што двете земји сé уште немаат формален мировен договор. Островите му беа предадени на СССР согласно Потсдамската декларација од 1945 година, но оттогаш Токио се обидува да ги врати.

Треба да знаете
Последни објави