Воен авион Ф-16 се урна во магацин во Калифорнија, соопштија локалните власти.
Како што пренесе „АП“, пилотот успеал да се спаси бидејќи скокнал навреме и се спуштил со падобран, меѓутоа неколку лица завршиле во болница бидејќи биле погодени од делови од леталото.
Се испитува причината за падот на воениот авион, а на магацинот останала огромна дупка. Сведоците изјавија дека слушнале силна експлозија.
Авионот припаѓал на Националната гарда.