Индијка починала во болнички кревет по експлозија во нејзината уста додека ѝ го испирале желудникот. Шила Деви (40) била примена во болница откако испила непознат отров. При зафатот дошло до бурна хемиска реакција, па на жената и „експлодирала главата”, а безбедносната камера го снимила огнот и чадот како се издигнуваат над креветот.
Инцидентот се случил додека со црево го извлекувале отворот од стомакот, а телото е испратено на обдукција.
https://youtu.be/0WCVj_46daM?t=2
– Постојат шанси дека зела таблети со алуминиум- фосфат кои ослободуваат фосфин, алуминиум оксид и други гасови кои се многу запаливи во контакт со желудочна киселина и влажност во воздухот, рекол доктор Заиди, шеф на болницата во Алигари, каде се случил инцидентот.
Тој додава дека такво нешто никогаш не е забележано во историјата на медицината и дека е потребно да се направи истражување.
#video clip : A 40-year-old Sheela Devi #dies after #explosion in her #mouth during treatment at #MedicalCollege. @aligarhpolice @RMLDelhi @AIIMSRDA @pra0902 pic.twitter.com/nIPG9heKYG
— Anuja Jaiswal (@AnujaJaiswalTOI) May 16, 2019