Во Ликовен салон во Велес, синоќа беше отворена изложба на слики „Женски муабети” од Гордана Винчиќ, академски сликар од Скопје. На изложбата на која на Винчиќ првпат и е во Велес се претставува со 30- тина дела.
Таа појасни дека централен лик во нејзините дела е жената. Женските муабети како посебно мистични секогаш биле внимание посебно на спротивниот пол и таа преку своите слики сака да издвои дел од тие женски муабети, а на кои таа присуствувала и појасни дека таа твори создава дела вистински случки преку дружба.
Таа потенцира нејзините дела самите по себе се наративни и носат длабока мистичност, носталгичност и надреална симболика. Секое нејзино парче уметност ги поттикнува сетилата, тера на размислување и барање одговори. Авторката преку своите дела ги спојува уметноста и личниот развој, а главниот поттик и е фасцинираноста од подсвесното знаење и мудрост кои сeкoj чoвeк ги носи во себе. Кај набљудувачот сака да предизвика размисли за мистиката на животот, митологијата и симболиката, се со цел достигнување на повисоко ниво на свесност и среќа.
Гордана Винчиќ е родена 1971 во Скопје, а живее и твори во Малме, Шведска. Во 1998 година завршува студии за социјална работа и политика при реномираниот универзитет Лунд. Големо влијание врз творештвото на Гордана имаат нејзините родители, нејзината мајка која како ликовен уметник и историчар на уметноста, уште од мали нозе и ги всадила корените и тајните на сликарството, а татко е археолог.
Винчиќ има учествувано на 30-тина групни изложби и дваесетина самостојни изложби, меѓу кои една од позначајните е изложбата „Transitions” во музејот на „Puskinska 10” во Санкт Петерсбург во 2015 година.
Таа има создавано и изложувано дела во Франција, Шведска, Англија, Русија, Турција, Албанија, Бугарија и земјава.
Нејзиниот колега и уметник Игор Љубовчевски, кој и е куратор на изложбата за Гордана појаснува дека е неуморна во создавање на нејзините дела.
-Нејзините дела се карактеристични по тоа што се со силен експресивен цртеж, кој е најдоминантен, експресивна линија има свои субјективни трансформации на ликовите и не робува на анатомијата, појасни Љубовчевски.