Грција презема 70 вооружени извиднички хеликоптери од моделот „OD-58D“ и еден транспортен хеликоптер од американската војска, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.
Хеликоптерите се испорачани на грчкото пристаниште Волос во централна Грција, а процесот го надгледувал началникот на Генералштабот на грчката војска – генерал покловник, Јоргос Камбас.
Се очекува хеликоптерите официјално да влезат во употреба во грчката воздухопловна флота до средината на јуни.