Еден од најдобрите светски голмани, Давид Де Хеа, нема да добие нов договор од својот клуб Манчестер Јунајтед.
Челниците на клубот решиле да не подлегнат пред уцените на голманот, кој бара неделна плата од речиси 500.000 фунти. Де Хеа има договор со Манчестер Јунајтед до 30 јуни 2020 година.
Ед Вудворд, човекот задолжен за трансферите во Манчестер Јунајтед изјавил дека клубот нема намера да му ги исполни желбите на Де Хеа. Најмногу што Јунајтед можат да му понудат на својот голман се 350.000 фунти неделно.
Оваа одлука на Јунајтед значи дека во клубот решиле да го продадат Де Хеа во летниот преоден рок. Наводно на местото на Шпанецот ќе пристигне Холанѓанецот Јаспер Силесен, кој е достапен за цена од 25 милиони евра.
На Јунајтед им бил понуден и голманот на Реал, Кејлор Навас, меѓутоа медиумите пипуваат дека тие се решиле за Силесен.
Де Хеа, најверојатно, кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ. Од Париз биле подготвени да платата 60 милиони фунти за Де Хеа, кој од ПСЖ би добил петгодишен договор вреде 24 милиони евра по сезона.