Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас ја негираше веста дека ја прекинува својата фудбалска кариера. Голманот на Порто доживеа срцев удар, по што му беше поставен стент. Касиљас моментално се опоравува по операцијата.
Многумина веруваа дека голманот веќе го одиграл својот последен натпревар во својата гламурозна кариера, а денес медиумите во Португалија објавија дека Касиљас одлучил да се пензионира.
Сепак, неколку часа подоцна, фудбалерот ја искористи својата официјална сметка на Твитер за да ги оспори тие шпекулации.
– Здраво на сите. Повлекување … ќе дојде ден и за тоа. Ќе соопштам, кога ќе дојде тој ден. Сега ми треба само душевен мир. Вчера имав преглед со д-р Филип Маседо. Сè е во ред. Ова е најголемата вест што сакам да ја споделам со сите вас”, пишува Икер Касиљас.