Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро првпат се состана со претставници на меѓународната контакт група и разговараше со нив за последиците од санкциите, кои САД ги воведе против земјата. Тоа го соопшти Министерството за надворешни работи на Венецуела.
Според државната телевизија, на состанокот, исто така, се разговарало за можни преговори меѓу Владата и опозицијата, насочени кон решавање на политичката криза во Венецуела.
Меѓународната контакт група беше формирана на почетокот од 2019 година по иницијатива на ЕУ. Во нејзината работа учествуваат претставници на ЕУ и осум држави од блокот – Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија, Франција и Шведска, како и четири земји од Латинска Америка – Боливија, Костарика, Уругвај и Еквадор. Првиот состанок на министерско ниво се одржа на 7 февруари во Монтевидео.