Малолетен градежник од Албанија паднал од објект во изградба во Гостивар

На 16.05.2019 година околу 12 часот во ПС Гостивар било пријавено дека 16-годишен албански државјанин паднал од тераса од висина од над шест метри и се здобил со тешки телесни повреди.

Според пријавата, тој паднал додека извршувал работни задачи објект во изградба на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар.

По укажана помош во болницата во Гостивар, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за расчисрување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави