Точно 50 години по првата мисија на Месечината, чиешто име беше „Аполо“, НАСА конечно ќе ја испрати и првата жена која ќе зачекори на Месечината во 2024 година.
Симболично, оваа мисија НАСА ја нарече „Артемида“, според името на грчката божица на Месечината.
„Сметам дека е навистина прекрасно тоа што 50 години по ‘Аполо’, програмата ‘Артемида’ ќе ја испрати и првата жена на Месечината“, изјави Џим Брајденстин, директор на НАСА.
„Јас имам 11-годишна ќерка и сакам таа да може да се види себеси во улогата на овие жени кои ќе стапнат на Месечината“, додава Брајденстин.
НАСА го најави својот план откако доби одобрение за поголем буџет од оригиналниот, па така агенцијата за вселенски мисии ќе може да ја оствари оваа мисија во 2024 наместо во 2028 како што беше првичниот план.
Директорот на НАСА е мотивиран и уверен дека агенцијата ќе успее да заврши сè во предвидениот рок.
„Првата жена на Месечината ќе биде Американка, и тоа за 5 години од сега“, изјави Брајндестин за време на Вселенскиот симпозиум во Колорадо Спрингс.