Сирискиот режим, со поддршка од Русија, води „намерен и системски напад” на медицинските структури во северозападниот дел на Сирија, предупреди денеска невладината „Амнести интернешнл” и ги повика ОН да стават крај на тие „злосторства против човештвото”. Исто така, двајца челници на ОН денеска предупредија на хуманитарна катастрофа во Идлиб.
– Ги повикуваме сите страни на прекин на напријателствата, изјави Америкианката Розмари ДиКарло, заменик-генерален секретар на ОН за надворешни работи. Таа предупреди дека доколку продолжи насилството, кое е удвоено од крајот на април, се заканува опасност од избивање „хуманитарна катастрофа” во таа сириска покраина.
Заменикот на генералниот секретар на ОН за надворешни работи Британецот Марк Ловкук предупреди на „страшна ескалација и на околу 80.000 лица кои немаат каде да одат”.
Советот за безбедност на ОН за денеска свика средба поради влошената состојба во покраината Идлиб, која силите на претседателот Башар ал Асад и руската авијација во изминатите седмици ја бомбардираа. Цел на нападите се главно југот на Идлиб и северниот дел на соседниот регион Хама.
„Советот за безбедност на ОН мора да ги разгледа злосторствата против човештвото во Идлиб”, се потенцира во соопштението на „Амнести интернешнл”, во кое предупредува на намерни и системски напади на болници и медицински структури. ОН соопшти дека од крајот на април се уништени 18 медицински структури.
„Бомбардирањето болници е воено злосторство”, заклучи Амнести интернешнл.