Јавната помош за политиката за развој на ЕУ се намалила две години по ред во 2017 и 2018 година, според податоците на Европската Комисија, за што министрите на ЕУ изразија загриженост.
Во 2018, јавната помош за развој на ЕУ изнесувала 74,4 милијарди евра, или 0,47 отсто од бруто домашниот производ на ЕУ, што претставува намалување од 731 милион евра во однос на 2017 година.
Министрите за надворешни работи на ЕУ изразија жалење што ЕУ сѐ повеќе се оддалечува од поставената цел во оваа област, која е 0,7 отсто од БДП на ЕУ да биде доделен за политиката на развој.
ЕУ исто така не ја исполнила целта да посвети меѓу 0,15 и 0,20 отсто од своето БДП за најмалку развиените земји на краток рок.
Сепак, земјите членки на ЕУ остануваат главни финансиери на политиката за развој во светот и придонесуваат за 57 отсто од севкупната помош.