Завршувањето на изградбата на гасоводот „Северен поток 2“ и почетокот на неговото функционирање може да се одложи до втората половина на 2020 година бидејќи Русија досега не успеа да обезбеди градежна дозвола од Данска, известува руската компанија „Nord Stream 2 AG„ која го надгледува поставувањето на гасоводот, пренесува „Спутник“.
Шведска, Германија, Финска и Русија издадоа дозволи и подготвителните мерки за оншор и офшор градежни работи започнаа во 2018 година во сите четири гореспоменати земји.
„Се планира гасоводот да биде завршен и подготвен за транспорт на гас во втората половина од 2020 година “, се вели апликацијата на компанијата објавена од Данската агенција за енергија.
Двете претходни апликациподнесени од страна на компанијата сугерираа дека трасата треба да лежи или јужно од Борнхолм во територијалните води на Данска или на северозапад од островот во ексклузивната економска зона на земјата (ЕЕЗ). Првата апликација беше поднесена во 2017 година и се уште е во процедура.
На 19 јуни Данска ќе одржи јавна расправа за третата пријава поднесена од „Nord Stream 2 AG“, која содржи алтернативен пат за гасоводот во ЕЕЗ за да се избере најоптималната рута од еколошка гледна точка.
Според проектот, на дното на Балтичкото Море ќе бидат поставени два цевководи за испорака на околу 55 милијарди кубни метри руски гас директно во Германија и другите европски земји. Гасоводот че минува низ територијалните води и ексклузивните економски зони на Данска, Финска, Германија, Русија и Шведска. Данска во моментов е единствената земја што сé уште не ја даде својата согласност за изградба.
Според „Nord Stream 2 AG“, повеќе од половина од вкупната должина на двете линии веќе се поставени.