На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција која беше составена од Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц и Слободарската партија (ФПО) на Хајнц Кристијан Штрахе.
Во текот на целиoт ден, илјадници луѓе протестираа против владата и побараа распишување на предвремени избори по аферата со видеоснимка од вицеканцеларот Хајнц Кристијан Штрахе, кој денеска поднесе оставка од сите политички функции, бидејќи пред две години на Ибица на наводна внука на руски милијардер и нудел државни позиции за финансиска помош на неговата партија.
Откако канцеларот Себастијан Курц вечерва ја објави одлуката за предвремени избори, насобраните граѓани ја прославија веста.