Додека пејачите ги прават последните подготовки за вечерашните настапи на Евровизија во Тал Авив, израелската полиција формираше кордон, за зголемено ниво на безбедност, околу сдалата во која ќе се одвива натпреварувањето, со цел да се оневозможат напади и протести на оние кои ја бојкотираат манифестацијата.
Овогодинешниот меѓународен музички натпревар во кој учествуваат 41 земја е во фокусот на пропалестинските апели за бојкот во знак на протест против израелската политика на Западниот Брег и во Газа, објави „Ројтерс“.
Ниту еден од финалистите или медиумски покровители не се повлече по зголемените мерки за безбедност, но организаторот има обезбедување и во салата во случај активисти да се обидат да го прекинат преносот во живо на финалето или изведувачите да одржат протест на сцената.
Во знак на протест против Евровизија, која започна во вторникот во Тел Авив, палестински, израелски и меѓународни активисти организираа три настани преку кои ја нагласиле, како што велат, израелската окупација на појасот Газа.