Фестивалот на детски забавни песни „Јаболчиња” по 24-ти пат ќе се одржи денес во Тетово во центарот за култура „Иљо Антески-Смок”. Ќе се изведат 16 песни.
– На годинешниот репертоар песничките се за семејството, љубовта, татковината. Децата кои ќе ги изведат 16-те песни се на возраст од 5 до 11 години. Некои ќе пеат сами, во дует или група. Подготовките се започнати уште од ноември, кога објавивме оглас на социјалните мрежи па се пријавуваа оние кои сакаа да изведуваат песничка, изјави Никола Димовски-Тмница, организатор на фестивалот.
Текстовите на песните се изработени од Слободанка Ничевска и Маја Пероска додека композитори се Гоце Симоновски, Лазар Цветковски и Никола Димовски-Тмница.
-На овој детски фестивал,започнале како деца изведувачи, а сега се занимаваат и живеат од музиката, пеачите и композитори од Тетово, Магдалена Ена Цветковска, Лазар Цветковски, Гоце Симоноски, Јован Василевски, Милан Миланов-Коса, Дамир Ибраимовски и уште многу други, вели Димовски.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и општина Тетово.