Првичните резултати од парламентарните избори во Австралија покажуваат дека конзервативната коалиција која досега беше на власт во земјата изгледа дека ќе успее да ја задржи власта спротивно на анкетите, јавија австралиските медиуми.
Коалицијата предводена од премиерот во заминување, конзервативниот либерал кој е скептичен кон климатските промени Скот Морисон, води според телевизијата Еј-Би-Си (АБЦ), која не прецизира дали конзервативците ќе можат да формираат мнозинска или малцинска влада.
Предизборните анкети им даваа предност на опозициските Лабуристи на левиот центар и укажуваа дека коалицијата предводена од Либералната партија нема да успее да освои трет тригодишен мандат.
Според првичните резултати, коалицијата предводена од Либералите изгледа дека е на пат да освои најмалку 73 места во Претставничкиот дом со 151 место, а опозициската Лабуристичка партија најмалку 65 места.