На 18.05.2019 година околу 01.05 часот на автопатот Скопје –Гевгелија, во близина на наплатната рампа кај „Топлите води“, патничко возило „Фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(45) од Гевгелија, изгубило контрола и удрило во оградата. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Гевгелија каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.