И лидер на Слободарската австриска партија, Хајнц Кристијан Штрахе, оставки од сите политички функциии поднесе потпретседателот на десничарската партија Јохан Гуденус.
Гуденус присуствувал на вечерата пред две години на Ибица, на која Шрахе на наводна внука на руски милијардер и понудил државна работа во замена за финансиска помош за партијата. Гуденус по објавувањето на снимката изјави дека се повлекува од функцијата шеф на пратеничкиот клуб и пратеник во австрискиот парламент.
Тој додаде дека се повлекува и од партиските функции.
„Сакам да искажам длабоко жалење поради настаните од пред две години. Жал ми е што ги разочарав гласачите, функционерите и соработниците кои имаа доверба во мене“, наведе Гуденус во соопштението.