СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 04.04.2019 година на социјалната мрежа ,,Facebook”, преку неговиот профил ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација или насилство, кон одредена група, претставници на една политичка партија