АМЦ со долг од скоро 3 милиони евра?

Доскорешниот трговски гигант и е од првите фирми продавачи на комјутери, комјутерска опрема и бела техника во државава на 6 фирми должи 2,7 милиони евра, неофицијално дознава 24 инфо. Тој земал роба од фирмите увозници која не ја плаќал, ја продавал по ниски цени и како покритие имал банкарски гаранции кои изминатиот месецбиле активирани со барање за стечај. АМЦ ги затвори сите продавници но и маркетите по трговските центри низ државава. Вработените велат дека веќе трет месец не им е исплатен личен доход и за нашиот медиум објаснуваат дека деновиве очекуваат  фирмата да оди во стечај. Според нивното кажување веќе неколку банки биле во продавниците изминатава недела и правеле пописна робата која ја затекнале. Вчера и денес се обидовме неколку пати да добиеме некаква информација но на телефоните кои се оставени на нивната веб страна никој не се јавува.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави