На 17.05.2019 година во 16.50 часот било пријавено дека во непосредна близина на гробиштата кај с.Кременица, битолско, полициски службеници пронашле една неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна. Увид бил извршен, а бомбата безбедно била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.